Наместо да се решаваат проблемите на македонските пациенти кои се актуелни во моментот министерот Филипче, со дебати, јавни расправи и проекти со план на реализација за 5-20 години од сега (како да тој вечно ќе биде министер за здравство), пробува да ги добие симпатиите или да го смени текот на размислување на пациентите, болните и граѓаните од тоа што му се „залепи“ како афера, манупулација или дебакл во последниот период.

Убава е тактиката на одвлекување на вниманието г-не министре меѓутоа ние како граѓани не сме заборавиле и не забораваме дека само со празни ветувања пробувате да не манипулирате, изнесувате лаги и не се држите до дадените ветувања, местите тендери и се криете во својата канцаларија не сакајќи при тоа да дадете изјава на ниту еден друг медиум ако не е ваш подржувач за да македонските пациенти ја дознаат вистината.

Јасно ни е г-не Венко дека желбата да се заборават сите скандали за вас е голема, за нас како пациенти е непремостлива, неможе да заборавиме што се ни направивте за да може да продолжиме да ве слушаме и да ви веруваме на тоа што го зборите како ништо претходно да не се случило.

Поради сето ова министерот Венко Филипче помогна да се организира јавна дебата за потребата од дисперзија на градски болници на повеќе точки на територијата на град Скопје ќе се одржи денеска во Музејот на современа уметност, во организација на Министерството за здравство.

На јавната дебата ќе учествуваат министерот за здравство Венко Филипче, в.д. директорот на Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, Иван Спировски и планер урбанистот во Агенција за планирање простор, Иван Арсовски.

По завршувањето на јавната дебата ќе бидат претставени и идејните решенија за новата градска болница.