Професорот Димитар Апасиев со намера да и одржи предавање на царицата Царовска, вака го започна неговото обраќање со цитат од Џон Кенет Галбрајт. Апасиев е дел од политичката партија Левица и информацијата дека министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска ќе го предводи првомајскиот работнички протест, малку како кнедла застана во неговото грло и неможеше да помине без соодветен коментар.

Поради тоа тој сочно и со должна почит кон царицата и одржа лекција на Фејсбук како треба народот да те гледа, да те доживува и како треба да се однесуваш ако си навистина царица на МТСП како што се преставуваш. Тој на неговиот фејсбук профил напиша:

Водењето политика која привидно ги штити РАБОТНИЦИТЕ може, во очите на јавноста, да ги претвори т.н. синдикални лидери – тие обични битанги и апаши – во ‘великани‘ на синдикалното движење“
(проф. Џон Кенет Галбрајт)

#МилаЦаровскаЌеГоПредводелаПрвомајскиотПротест#.

Кој може нека се замисли и нека разбере каде му е местото!