Мамографот во штипската Клиничка болница конечно е ставен во функција. По речиси една година е сервисиран, а веќе се закажуваат и прегледи преку системот „Мој термин“.

– Сервисирањето на новиот апарат не ја чинеше ништо штипската болница, бидејки се уште е под гаранција, што беше причина и сервисерите малку да ја одолжат неговата поправка, вели директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Георгијев. Тој истакна дека во моментот во болницата работат сите апарати, а деновиве ќе биде сервисиран и лифтот во рентген центарот.

Мамографот е релативно нов и беше инсталиран во 2015 година. Тогаш поради старата и дотраена апаратура, покрај Штип ваков софистициран апарат добија Кочани, Велес, Македонска Каменица и Радовиш.

Раното и навремено детектирање на карциномот на дојка е од голема важност за намалување на смртноста кај жените, бројка која од година во година е се поголема. Статистиката покажува аларматни податоци. Годишно во државата се откриваат околу илјада новозаболени жени.

Добро е што се успеа после цела година, 4000 пациенти пренасочени кон други болници или непрегледани, да се сервисира уред кој е сеуште под гаранција. Голема благодарност до министерот Венко Филипче кој никако не изреагира за да сето ова биде побрзо, бидејќи како што веќе се кажа, во борбата со ракот најбитната работа е навремената и раната дијагностика.

Филипче знае дека со чекање работите само по себе нема да се случат, знае министерот дека треба работа.  Но, дали ние како граѓани на Македонија ќе ја добиеме во овој хаос и неред кој веќе го направи Филипче, тоа никој неможе да го потврди, па дури ни министерот. Иако тој може да изјави после сите овие негови „испади“ случајни или намерни дека се ќе се среди ама не веруваме дека има граѓанин во Македонија кој ќе му поверува – посочија неколку граѓани