На 11 септември во ЕУ – Инфо Центарот со почеток од 11 часот, ќе се одржи панел дискусија во која ќе се разговара за ромскиот активизам и општествените потреби чија цел е да го актуелизира прашањето на заедницата во пресрет на отпочнувањето на преговорите на Република Македонија и престојниот Референдум. И втората цел, можноста за само организирање  на ромската заедница за подобра иднина како и за  притисоците на другите не-роми во забавување на општествените потреби на ромите во Македонија.

Тука се наметнува прашањето освен ако не е скришно, тогаш извинете што прашуваме, Колку од тие 1000 принудни пензионирања во текот на деновиве што ги додели министерката Царовска, се доделени на Роми, дали воопшто има Роми или се почитува коалицијата на владата со партијата на Самка, како и дали е интервенирано или не да нема Роми во сите принудни пензионирања?

Инаку за неколку дена ќе се одржи првата панел дискусија од серија дебати кои ќе следат во наредниот период кои претставуваат основа за подигнување на свеста и превземање на мерки за вклучување на ромската заедница во преговорите за европска интеграција и поголема одговорност на самите институции, а притоа повикувајќи се на препораките за напредокот на Македонија во делот на ромска тематика.

Воедно ќе се дискутира за општествените промени на ромската заедница, капацитетот на носителите на јавните политики за Роми како и за младинската партиципација како процес за креирање на нова сила која ќе се справи со сите спреги за општествена интегарација.

Панелисти ќе бидат Васка Б Мустафа – Заменик правобранител, Мевлјудин Ибиши,професор на Балкански унирвезитет и Срџан Амет, правник и ромски активист.

МТСП, министерката Царовска како и дел од нејзините советници и ПР тим се надеваме дека ќе најдат за сходно да одговорат на погоре поставеното прашање. Граѓаните заслужуваат одговор, Зар не министерке?