Пред, а и по официјалниот почеток на кампањата за референдумот на 30-ти Септември граѓаните се уценуваат ни помалку ни повеќе туку со нивното здравје. Сега низ градот има билборди „Членството во ЕУ за бесплатни здравствени услуги низ цела Европа“.

Во трката за глас повеќе на референдумот граѓаните власта ги лаже. Ги лаже за она што е најважното за секој граѓанин, за здравјето. Притоа заборавајќи на клучното дека во ЕУ ништо не е бесплатно, па ни здравствените услуги.

Се поставува и прашањето зошто власта ги лаже граѓаните, кога граѓаните можат да добијат и сега бесплатно лекување доколку престојуваат и за време на престојот се разболат во земји од Европската унија. За да ја добијат оваа услуга граѓаните на Фондот за здравствено осигурување треба да имаат претходно склучено билатерален договор со одредената земја – членка во ЕУ.

Не, само што го занемаруваа овој факт, туку и забораваат дека Фондот од 2017-та година нема склучено или продолжено ваков договор со ниту една држава. Но, ова не е единствената лага која е упатена кон граѓаните. Министерот за здравство Венко Филипче кон крајот на август се огласи на својот ФБ профил.

-Членството во ЕУ значи подобри здравствени услуги за сите, а за нашите деца значи најквалитетни вакцини.

Пред нова вакцина да биде одобрена на пазарот, поминува низ строга регулаторна постапка за проценка на квалитетот, ефикасноста и безбедноста напиша Филипче на Фејсбук профилот. Непосредно по реакциите во јавноста тој се огласи велејќи дека и сега квалитетот е на високо ниво, но ќе имало нови вакцини. По што се поставува прашањето што го спречува сега министерството да не ги набави новите вакцини.