Неможноста на надлежните да го средат сообраќајниот хаос во рамките на клиничкиот центар „Мајка Тереза“ подолго време веќе е проблем за сите оние пациенти кои ги посетуваат клиниките барајќи помош за своите здравствени проблеми. Меѓутоа освен нив кои ги има на број помеќу 2000 – 5000 дневно, спас од сообраќајниот хаос не може да најдат ниту тие пациенти со одредена итност.

Во која земја се видело итната помош и цивилните возила да се движат по исти траси, рути. Во европските земји кон кои тежнее власта местата како болници, клинички центри, позначајни државни објекти или институции имаат посебен влез за возилата на итната помош, воедно и посебен излез. Но, и покрај тие сознанија власта на СДСМ откако започна со водење на државата ги стопираше сите реконструкции, реновирања или градежни активности како во така и вон клиничкиот центар со што допринесоа ваквите можности за македонските пациенти со доза на итност да бидат, скратени, неовозможени, воопшто да ги нема.

Од друга страна министерот за здравство како и премиерот секојдневно посочуваат дека приоритет им се граѓаните на Македонија, нивните потреби и нивното здравје, но од тоа ништо нема. Минстерот Венко Филипче информиран е и знае за состојбата со возилата на клиничкиот центар, знае кој хаос и сообраќаен метеж го доживуваат пациентите и нивните најблиски секој ден, но и покрај тоа во ниеден случај се нема соочено со колешката која е одговорна за паркинзите и организацијата на сообраќајниот метеж во клиничкиот центар Шкодране Дардиште, која е член на ДУИ и како колаиционен партнер е амнестирана од секакви обврски во ситуацијава.

Се додека министерот и надлежните институции прават прогледувања за обврските на блиските на нив, политички партнери, колеги и подржувачи на власта се до тој момент македонскиот пациент ќе биде запоставен, метежот и хаосот во сообраќајот ќе бидат главниот проблем во клиничкиот центар како и возилата на итната помош ќе се „буткаат на раце“ со цивилните возила да може да помогнат со итност на тие пациенти на кои секој миг им е драгоцен.

Каде е сега Венко Филипче, да објасни пред македонските пациенти која е причината за овие застои и да ги посочи решенијата на овие проблеми како и да почне да работи на истите? Вака не се влегува во ЕУ – граѓаните се свесни за тоа.