Ѓубре, блокирани тротоари, кучиња скитници кои јадат од ѓубрето и густ сообраќај. Овие се опасностите со кои секој ден се соочуваат родителите кои ги праќаат своите деца во градинката „Младост“ во Тетово. Тие велат дека до општината испратиле неколку поплаки, но истите немале резултат. Кој има таму за да ги чуе нивните приказни, нивните проблеми?

„Ова треба да се отстрани, има реакции и од родителите. Не личи вака, градинката е на 20 метри оддалеченост“.

„Контејнерите се голем проблем бидејќи се работи за деца, исто така колите возат брзо додека има мали деца до шест години. Има по две или три паркирани возила“.

„Мириса лошо, голема нечистотија. Кој сака донесува ѓубре тука. Треба што поскоро да се преземат мерки“, рекоа анкетираните родители.

Директорката на градинката вели дека неколку пати интервенирале, со што ги отстраниле контејнерите од таму, но жителите во текот на ноќта ги враќаат повторно. Да се знае кој е граѓанин каде.

„Побаравме да се дислоцираат контејнерите, но моментално немаме каде, луѓето од населбата повторно ги враќаат на старото место. Не можеме цело време да се занимаваме со нив и да ги враќаме.

Од Јавното претпријатието не знаат веќе што да прават, бидејќи во текот на денот ги вадат, а потоа ги враќаат“, вели Рамие Даути, директорка на градинката.

Освен лошиот мирис и отпадоците, тука се собираат и кучиња скитници кои претставуваат дополнителна опасност за децата.

Тетово има вкупно четири општински градинки со 1.070 деца. Отпадоците и блокирањето на тротоарите со возила, е евидентно кај секоја од нив.