Пред некој ден сите ние бевме сведоци на страшните слики кои излегоа по медиумите дека подрумот на клиниката за детски болести е собиралиште на смет и отпад. Подрумот на детска клиника е место може да се најдат отпад, машини, работи од колку не клиники, столчиња, кревети и сето тоа расфрлано небаре е дел од стравот и ужасот на некој хорор филм, а не институција каде се лечат дечињата на Македонците, најкревката категорија на пациенти кои заслужуваат најмногу внимание.

Само за потсетување еве како изгледаше подрумот на клиниката за детски болести изминативе неколку дена, а не веруваме дека нешто се сменило.

Но, за да биде трагедијата уште поголема хаосот и трупањето отпад и смет не е само дел од ентериерот на клиничкиот центар, тој се има проширено и по сите улици и пристапни места ширум целиот клинички, нема место каде може да ги избегнете корпите полни со смет, отпад растурен околу корпите за отпадоци, како и расфрлан ѓубре на сите страни.

Голготата во која македонските пациенти доаѓаат да го бараат лекот за своето здравје е до толку контрадикторна што наместо решение само може да наидат на неколку извори на бактерии, зарази како и потенцијални жаришта на некаква инфекција.

Каде е министерот Филипче, дали некој го известува за овие работи и кога конечно македонските пациенти ќе добијат пристојни услови за лечење. Скоро неполна година е на министерската фотеља, но проблемот со сметот како да воопшто не го засега, едноставно го има ставено на „игнор“, како да не проаѓа покрај преполните контејнери и канти.

Хаосот и депонијата на клинички не завршува тука, дури и институцијата од каде што доаѓа министерот плива во смет, отпад и купишта ѓубре. Добро упатените посочуваат дека депонијата кај клиниката за Неврохирургија секој ден е се поголема, а проблемот со ваквата ситуација освен генералната чистота е и тоа што во тој дел поминуваат доставувачите на храна за пациентите на Неврохирургија.Од друга страна докторите во оваа институција кубурат со операциони сали откако е почнато реновирањето на овој објект, а поради нечистотата која владее знаат да кажат дека често пациентите од оваа институција или си заминуваат или се задржани дополнително поради инфекции кои постоперативно им се појавиле.

Со ваков хаос во здравството, нечисти клиники, отпад и депонии на секој чекор, актуелната власт и министерот за здравство може само да сонуваат за било каков прием во ЕУ велат упатените. Во Европа ваквите услови за лечење на пациентите се недозволиви, непоимливи и доколку некоја клиника функционира во вакви услови одговорните сигурно ќе одговараат пред законот и државата.