Македонска Каменица ќе добие Дневен центар за деца со интелектуална попреченост. Од Министерството за труд и социјална политика денеска информираа дека дневниот центар ќе биде отворен утре, а на пуштањето во употреба на објектот ќе присуствува и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Во неколку градови од Македонија постојат вакви дневни центри за деца со интелектуална попреченост. Во таквите објекти од социјална заштита, дел од времето го поминуваат деца со интелектуална попреченост, под надзор на стручни лица.

Дали министерката Царовска разговараше со жителите на Каменица пред да донесе ваква одлука? Се средени сите останати работи пред референдумот само уште ова остана, министерката постапува според приоритетите или едноставно како ќе одлучи така прави? Кога министерката ќе ги објасни нејзините самовладеачки постапки, посочуваат упатените, остава впечаток како министерството за труд и социјална политика да е нејзина приватна фирма!