Шестгодишната Анастасија Стројмановска – Посте, ова лето наместо да вежба балет со другарчињата, ќе мора да ги стопира и одложи своите желби.

Неа и е дијагностицирана акутна леукемија и мора да оди на лекување, за да ја победи болеста потребни и се финансиски средства.

Имено, Анастасија ја имаше таа среќа да е двоен државјанин, па лекувањето (кое за жал преку случајот на малечката Ева дознавме дека може да биде и над 400 илјади евра) е целосно покриено од Летонскиот фонд за здравство. Во ваква ситуација дефинирана сума до која треба да се стигне преку донации не може да се одреди, а токму заради тоа, не може да се отворат броеви кај македонските телефонски оператори.

Според некои наши проценки, фамилијата има потреба од 8 до 15 илјади евра за периодот по завршувањето на терапијата, која во моментов е стигната до втора фаза. Средствата ќе се искористат за приспособување на просторот, каде што ќе живее Анастасија по излегувањето од болница, до карантински стадиум, како присуството на домашните посетители, а најмногу присуството на 4 годишната сестричка, да не претставува опасност за кревката здравствена состојба на Анастасија.