Додека Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска тера кампања за референдумот, по градинките косат стомачни вируси, а по училиштата ларингит. Со стартот на новата учебна година децата почнаа да ги напаѓаат различни вирози, актуелни се респираторните вирози, воспаленија на грлото и ларингити, а кај помалите генерации што посетуваат градинка покарактеристични се стомачните вирози.

Во Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, се хоспитализирани околу 40 деца, а од нив околу 30 % се со ларингит. Педијатрите укажуваат дека тоа е состојба што од мала промена на гласот може да предизивика лоша здравствена состојба кај децата, затоа препорачуваат родителите да се советуваат со лекар, а не самите да ги лекуваат децата.

Кај децата од градинките присутен е стомачен вирус кој што е пратен со мачнина, повраќање, висока температура, надуван стомак и дијареа.

Додека министерката шета по општини за партиски цели, градинките и училиштата се полнат со вируси. Изгледа на Мила Царовска во преден план и е кампањата отколку грижата за малите дечиња.