Дали скапите приватни болници гарантираат и навремена интервенција во итни случаи .

Граѓанин кој сака да остане анонимен потврди дека ден претходно бил со големи болки и во состојба на несвестица, но и покрај состојбата во која се наоѓал бил оставен да го чека докторот од приватната болница Неуромедика. Овој наш граѓанин е редовен пациент на болницата и не можел да поверува во каква состојба го оставиле да чека.

– Се јавив во болницата со големи болки во 20 часот, ми кажаа дека помошта ќе пристигне до 21 часот. Во меѓувреме  здравствената состојба започна се повеќе да ми се влошува, а возилото со медицинска помош не пристигна ниту до 21 часот.

И покрај упорноста на граѓанинот кој потврди дека повеќе од 30 пати ѕвонел, од клиниката немало одговор. Лицето задолжено на рецепција не знаело да одговори кој е докторот што бил пратен да интервенира на повикот. Половина час подоцна поради поради влошната здравствена состојба, членови на неговото семејство го однеле со семејното возило во Систина каде здравствената состојба на граѓанинот била стабилизирана.

После 23 часот граѓанинот добил повик од клиниката претходно каде побарал помош, со прашање дали сеуште му е потребна медицинска помош, да испратат екипа.

Државните клиники, докторите и медицинскиот персонал не се средени во целост, но вавки пропусти во приватниот сектор се недопустливи доколку се сака да се биде конкурентен. За вакавите и слични ситуации кога ќе се појават, обелоденат или излезат на површина не постои ли нешто што може да го стори или превземе министерот за здравство, Венко Филипче?