Македонија се соочува со хиперпродукција на стоматолози кои потоа не можат да си го најдат местото под сонцето па се принудени да работат за месечна плата од 15.000 денари или пак да си најдат друга професија. Според податоците на Стоматолошката комора, во земјава има 3.865 стоматолози со активни лиценци, што би било околу еден лекар на 560 пациенти, додека пак, за да може рентабилно да работотат, тие треба да имаат по 2.000 матични пациенти. И  покрај овие алармантни податоци, годинава се отвори и петти  факултет по стоматологија, а во постапка за добивање на дозвола е и приватен специјалистички стоматолошки центар.

Тој објаснува дека 250 стоматолози имаат специјализација по орална хирургија, а само 25 го работат тоа.

Дафина Богоеска, која исто така е стоматолог, објаснува дека за да може да ги покријат трошоците и да извадат плата треба да имаат околу 2.000 матични пациенти, а кај нас не можат ни до 700 да се прикрепат поради големиот број на лекари.

– Само за да ја отворите ординацијата месечно ви се потребни 55.000 денари, а од ФЗО месечно за секој пациент добиваме само 40 денари. Дополнително, често се случува за пациентите од некои причини по неколку месеци да не добиваме капитација, а кога ќе дојдат, да треба да им дадеме услуга – вели Богеска.

Претседателот на Стоматолошката комора на Македонија д-р Маријан Денковски вели дека од 3.865 лиценцирани стоматолози, од 1.500 до 1.800 не работат на струката.

– Покрај многуте невработени стоматолози голем е бројот на оние кои  работат како стоматолошки асистенти, во фармецевски компании, приватни фирми, но има и такви кои работат и работи кои немаат никаква врска со стоматологијата, како таксисти или келнери. Факт е дека се соочуваме со хиперпродукција на стоматолози, и тоа не само на примарно ниво, туку и со хиперпродукција и на стоматолози специјалисти, кои во моментот ги има над 700 од различни специјалности. Тоа беше и причината Комората да реагира кога се појави информацијата за акредитирање  на петти факултет  – вели Денковски.

Каде е Филипче, да реагира на овие бројки, дали министерот гледа што се случува? Која е неговата реакција на оваа ситуација со стоматолозите