Доколку ви треба било каков лек на рецепта не може никако да го најдете во аптека.

-Точно дека е крај на месец, но лековите кои ми требаат ги има 28 таблети во кутија и морам да земам на крај на месец. Ги поминав сите аптеки и нема ништо морам да платам, а кутиче чини 380 денари. Тоа за мене е многу, вели граѓанин кој има хронични болести.
Тој посочува дека со овој проблем се соочува секој месец.
Ова е сликата во аптеките секој месец подолг период или како што се жалат граѓаните ова им се случува особено оваа година.
Пролетва од Фондот за здравствено осигурање најавија ревидирање на квотите, но граѓаните сепак реагираат, а од Фондот молк.