Долги се редовите и времето кое го поминуваме чекајќи за преглед за рак на дојка, кое е невозможно, покрај недостигот на соодветен кадар во повеќе медицински центри и здравствени домови. Ова е најголемиот проблем со кој во моментов се соочуваат пациентките со малигни заболувања. Зорица Аџиевска веќе два пати е оперирана, смета дека ваквите пролонгирања на прегледите се одразуваат на навременото лекување и борбата со оваа тешка болест.

  • Еве јас сега треба да одам наредниот месец на 7 на онкологија на контрола, а веќе три месеци чекам за термин и сеуште не ми е јавено и не знам дали ќе успеам да појдам на мамографија пред контролата, вели Аџиевска.

Министерот Филипче признава дека по разговорите со пациентите кои ги имал во изминатиов период проблемот ќе биде решен набрзо бидејќи ваквата ситуација е воочена во повеќе медицински центри и здравствени домови ширум земјава. Но и министерот признава дека неможе секаде да се постигне се и дека проблемот се должи на недостиг на соодветен кадар во некои институции, додаде Филипче.

Статистиката вели дека над 1200 жени во Македонија се дијагностицирани со рак на дојка на годишно ниво. Во текот на изминативе 10 години бројот на новозаболени во Македонија е двојно зголемен. Редовните прегледи и раното дијагностицирање го продолжуваат животот на жената и ги намалуваат трошоците за скапото лекување.

  • Апелирам  до сите да се грижат за своето здравје да се пипкаат, градите да ги покажат на мамограм не на инстаграм .Тоа им е попаметна работа и треба секој се грижи за своето здравје, вели Аџиевска.

Во Градскиот парк во Скопје вчера по десетти пат се одржа манифестацијата „Напред розово“чија цел е да се подигне свеста во борбата против ракот на дојка. Пораката до одговорните и надлежните е, да се подигне свеста, а при тоа да не се обезбедат термини за мамографија е како на жеден да му се вети вода, ама кога ќе заврне.

До тогаш сите треба да се стрпиме, и покрај тоа што нема време да се средат овие нефункционалности во здравствениот систем на Р. Македонија, меѓутоа за тендери во 4 очи секогаш има време. Каде е министерот за здравство да ги разјасни овие работи не само на настани да вели дека ќе се среди! Каде е Филипче да каже кога ќе профункционира здравството?