СДСМ откако е на власт лекарите започнаа масовно да си заминуваат од државата. Според извори на лекарската комора од почеток на оваа година до денес потврди имаат побарано 159 доктори. Германија, Хрватска па дури и Малта која најави дека ќе ги олесни процедурите за работа се најчестите дестинации каде одат да работат македонските лекари, а од друга страна имаме голем бран на пензионирање на специјалисти.

Експертите го предупредуваат Филипче ако не се преземат драстични мерки за 2 до 3 години државата ќе остане со многу мал број специјалисти, а последиците ќе ги трпат пациентите. Платата е најчестата причина зошто македонските лекари се одлучуваат да заминат во странство. Ако месечно на Клинички млад специјалист зема 500 евра, почетната плата во западноевропските земји му е 2.000 евра.

А, ветувањето за платата што ја ветија СДСМ од 100.000 денари, а не го исполнија е уште еден дополнителен стимул лекарите да ја напуштат земјата. Освен парите, немањето визија за иднината ниту долгорочна стратегија, како и нарушените меѓучовечки односи во здравствените установи се останатите причини зошто медицинскиот кадар си оди од државата.