По скандалот во гевгелиската градинка, каде воспитувачка грубо и непристојно се однесува кон децата, нов скандал го тресе овојпат скопскиот регион.

Во градинката „Буба Мара“, главното седиште во Ново Лисиче,  две негователки грубо се однесувале кон деца, и истите биле затворани во шкафче да ги јадат бубачките.

Со вакви зборови ни ја раскажа целата ситуација Маја Ѓеорѓиева, чија три и пол годишна ќерка била запишана во градинката.

„Тоа што се случува во градинката е навистина страшно. Пред извесно време, мојата ќерка била удрена со боичка по главата. Останатите кои биле темпераментни, биле затворани во шкафче, да ги јадат бубачките“, раскажува Маја.

Нејзината ќерка три седмици оди во градинка, a Ѓеорѓиева одржала состанок со раководството на градинката и добила ветување дека ќе биде решен проблемот.

Маја испратила и писмо до Министерството за труд и социјална политика и општина Аеродром.

Се доби и повратен одговор од надлежните во градинката, но при тоа никако и во никој случај не беа обвинети негувателките или учителката, посекако децата секојпат се криви. Каде е министерката Царовска да се произнесе по овој случај?