Институциите да отворат очи и да ги видат проблемите на лицата со посебни потреби. Здруженија на граѓани и активисти побараа решавање на нивните главни проблеми.

„Нашите деца стареат, системски решенија нема на повидок“ – Зоран Мијалков, Здружение „Сплотени срца“

„Изградба и одржување на рехабилитациони центри за сите дијагнози“ – Викторија Каранфиловска, родител.

Родителите на лица со посебни потреби бараат да се направат и регистри на државно и локално ниво, но и лицата над 26 години да имаат бесплатно здравство.

„Мора да се работи со тие луѓе, има мали мајки ги кријат децата дома“ – Добре Маринковски, родител.

„Им даваат само нега од 4.000 денари, ни викаат дека над 26 години не им следува бесплатна партиципација“ – Благородна Маринковска, родител.

Инаку, семејствата на лица со посебни потреби, како иницијатива „5 до 12“ пред последните парламентарните избори, кампуваа пред Собранието со барање за згрижување на нивните деца.