По објавата низ медиумите дека има западно-нилска треска од пред неколку дена, во текот на денешниот ден министерството за здравство се огласи со допис до сите медуми, во кој ги отфрлаат сите инсинуации или обвинувања дека во државата се појавиле случаи на западно-нилска треска на едно од инфективните оделенија во главниот град.

Кај ниту еден пациент во Република Македонија не е потврдено присуството на вирусот на западно-нилска треска. Пациентот, којшто се издвојува поради кој е пуштена информацијата низ медиумите дека има западнонилска треска, бил примен во Градската општа болница „8 Септември“ со симптоми на грип и висока температура. Но, испитувањата докажале дека не станува збор за западно-нилска треска. Истакнуваме дека ова е случај стар 3 недели и пациентот во меѓувреме е пуштен дома, без компликации по неговото здравје.

Во исто време, потенцираме дека Министерството за здравство во ниту еден момент немало намера да прикрие какви било информации.

На крајот, ги уверуваме граѓаните дека министерството во континуитет ја следи состојбата, за евентуалната појава на вирусот на западно – нилска треска, но и за евентуална појава на други вируси. Повторуваме, во Република Македонија нема потврден случај на вирусот на западно – нилска треска.