Теренот на старата Гинекологија во комплексот на клинички центар, започнал со расчистување, односно се преминало кон негово средување. Граѓаните во надеж дека ќе се среди сообраќајниот хаос на клинички се надеваат дека тоа се показатели за почеток на изградба на новата катна гаража. Со тоа на оваа локација треба да има простор да се паркираат околу 200-те возила. Но, дали тоа навистина е така?

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека испратиле барања за градба и до министерството за транспорт и врски и до Град Скопје и општина Центар.

-Тесните улички во клиничкиот центар станаа претeсно место и за паркирање и за движење на возилата. Најтешко е за пациентите. Метежот со паркираните возила по улицата е многу честа причина и возилата на брзата помош одвај да стигнат до ургентниот центар.

Клинички центар има сериозен проблем со паркирањето на возилата, најчесто и со самиот влез во клиниката и плаќањето на билет каде и покрај се нема место за паркинг. Освен тоа недостасува и посебна лента за движење на возилата од Итната медицинска помош, но и тоа е нешто на што ќе се изначекаат и пациентите и граѓаните – посочија упатените. До кога вака? – запрашаа пациентите