Власта заедно со заменик министерот за животна средина и просторно уредување, Јани Макрадули, заедно со градскиот татко, Петре Шилегов кога влегоа во трка за своите фотељи, ветуваа на скопјани чист воздух, почиста животна средина и Скопје без загадување. Ама од тоа ништо не се случува, скопјани се повеќе прелажани, загрижени, отуѓени од власта.

Додека ова се случува сега актуелниот заменик министер, Јани Макрадули заедно со власта пробуваат да најдат начин да ги оправдаат неуспесите за нереализација за своите ветувања, па се започнува со стандардното префрлање на вината на другиот.

Така заменик министерот за животна средина, на својот фејсбук профил, споделил информација каде преку сликовен приказ со графикон покажува кои се загадувачите, нивна идентификација и во кој обем ја загадуваат средината низ која се движат. Меѓутоа на оние кои го пратат фејсбук профилот на замeник министерот и се упатени малку повеќе во оваа проблематика им недостасува решението кое го нуди министерството, на какви проекти работи за санација на загадувањето на воздухот како и кои се методите со кои ќе им обезбедат на граѓаните поквалитетен воздух, почист воздух и незагадена животна средина.

Не е потребна графика, потребни се дела, решенија, реализација, проекти, потребно е да се оствари ветеното! – посочија граѓаните на социјалните мрежи.