Министерството за здравство освен што ги манипулира граѓаните започна да сокрива информации. Имено според одредени информации денес избувнал пожар во Детската болница„ Козле“ поради спој во инсталацијата во една од бањите.

Со цел да се сокрие пожарот и да се одбрани директорот на „Козле“ за кој граѓаните знаат дека е доста близок со премиерот Зоран Заевизлегува во одбрана и самото министерство.

Според одредени медиуми минатата година пишуваа дека директорот на „Козле“, Ангелчо Андоновски бил избркан од студии на Медицинскиот факултет во Скопје поради фалсификувана оценка по патофиза.

За фалсификуваната оценка на Андоновски медиумите кои се повикуваат на одредени сведоци велат дека постоело и записник на Медицинскиот факултет, а за случајот се дознало откако започнале огромни притисоци за уништување на документацијата со која се потврдува фалсификатот кој го направил Андоновски. Откако неговите студии во Скопје завршиле неславно тој решава да купи диплома од Бугарија и да се специјализира само 15 дена пред да ја добие директорската позиција на детската болница во Козле.

Оттука се поставува и прашање доколку овие извори од одредени медиуми се точни дали животите на дечињата зависат од кадар што не е соодветен да лекува.