СДСМ со слоганот за бесплатно здравство и нивните говори за подобрување на условите за здравство ги освои симпатиите на гласачите.

Сепак по две години СДСМ единствено се грижи за одвојување пари за пијалоци, апетисани, цвеќиња дури сега и за лубриканти, децата умираат од тешки болести.

По младата Сара на веб страната bidihumansega.mk кај што може да се види колку деца чекаат од хумани луѓе да им помогнат затоа што не се во можност да ги платат своите болнички лекувања во државава и во странство, се појави и девојчето Ивана Петреска која има само 8 години.

Имено малото девојче откако почнало да  оди на училиште дошло до промена на нејзиното десно око што по целосни испитувања поставена е дијагноза – Uvelitis.

Малата Ивана цели 2 години е лечена од оваа дијагноза, но болеста напредувала и докторите решиле дека е неопходна итна операција за да се спречи губење на видот на десното око што е вообичаен развој при ваква дијагноза.

И покрај сите проблеми со кои се соочува, Ивана е послушно, мирно и дружељубиво дете кое се бори за своето подобро утре.

Ивана ја има само својата самохрана мајка која прима инвалидска пензија, сама се бори за здравјето на својата ќерка и не е во можност да собере средства за операцијата.

Доколку власта сака да помогне сега е можноста да донира пари за малото девојче за да има безгрижно детство. Можеби е време Заев и неговите од Владата да се солидализираат и да донираат за да спасат нечиј детски живот.