Овие неколку дена наназад можноста Детската кардиохирургија да биде префрлена во приватната болница „Филип Втори“ на Жан Митрев помеѓу граѓаните роди големи полемики во однос на тоа дали ова значи деградирање на јавното здравство и стимулирање на лекарите да преминуваат во приватниот сектор.

Според интервју на „Макфакс“, министерот Филипче на граѓаните доловува дека јавно партнерство е селење на детска кардиохирургија.

На прашањето Дека според најавите дека се разгледува можноста за јавно приватно партнерство со детската кардиохирургија и „Филип Втори“, во услови кога се најавува подобрување на јавното здравство, зошто сега се вклучува приватна болница во овој процес?

·         Министерот одговори: „Токму тоа ќе значи овој проект доколку навлеземе во реализација на истото, а тоа е да се зајакне системот кој што на децата им пружа кардиохируршката заштита. Тоа што користиме приватна болница како инфраструктура воопшто не значи дека го слабееме јавното здравство. Заради тоа што кадарот ќе биде токму од јавното здравство. Во овој момент не можеме да обезбедиме интегриран тип на здравствена услуга за некои од дејности кои што бараат мултидисциплинарен пристап заради тоа што едноставно ги немаме сите можности да биде во една физичка зграда. Тоа беше една од причините, една од најсериозните причини зошто го откажавме градењето на овој блок нов кој што требаше да биде нов Клинички Центар заради тоа што повторно ќе беше само зграда во која што ќе влезеше дел од клиниките немаше истите услови за пациентите да бидат овозможени да се дадат на едно место. Сакаме да обезбедиме услови добри, нови, модерни до правење на новиот Клинички центар во кој што се ќе биде достапно на едно место“.

Кадарот кој од Детската кардиохирургија ќе премине во „Филип Втори“, според Филипче, ќе биде платен од приватната болница, а операциите за децата ќе бидат целосно обезбедени од фондот.

Досега само д-р Жан Митрев потврди дека побарал дозвола да прави трансплантации во „Жан Митрев клиник“.

·         Едно од најгорливите прашања е трансплантацијата на органи. Ги исполнуваме сите можни услови веднаш да почнеме програма на операции за кои се одлеваа огромни суми во странство. Сега правиме само автотрансплантации на срце кај одредени пациенти, но тоа е мал број. Јас зборувам за трансплантација од донори, пациенти што починале, при што тука влегуваат и бубрези, црн дроб, бели дробови… Имаме комплетни услови, ни треба дозвола за работа за тоа да може да функционира за осигурениците на ФЗОМ. Сите овие години се обидував да добијам можност да правиме трансплантации, но сѐ беше испреплетено со разни административни, некогаш нелогични и наметнати тешкотии. Повторно побарав дозвола пред некое време и се надевам дека тоа ќе се реши – јавно посочи д-р Митрев во негово обраќање пред неполн месец.

Иако ова министерот го објаснува како позитивен ефект за јавното здравство, според одредени експерти ова што сака министерот да го спроведе е тотално уништување на јавното здравство бидејќи со тоа го прекина проектот за градба на Клинички Центар кој беше проект од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Министерот Филипче нема идеја каде ќе биде новиот Клинички Центар, бидејќи од неговото министерување локациите неколку пати ги смени, од Злокуќани, па Бардовци, а според експертите самата постапка за прецизирање на локацијата на Клиничкиот Центар е потребно само 3 години.

Според секојдневните предомислувања на Филипче за локација каде ќе се гради новиот Клинички центар ќе ги остави граѓаните до 2030 година да се лекуваат во застарените објекти, а медицинскиот персонал од Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ и понатаму да работи во несоодветни услови.