За време на Ифтар во Детската болница „Козле“ било извршено физичко насилство врз вработена од страна на менаџерот на болницата. Имено менаџерот Р.А на поголема група на верници муслимани за време  на Ифтар им дозволил да вечераат во Детската болница „Козле“ иако тие луѓе немаат никаква допирна точка со болницата.

Според неофицијални извори на Здравство.мк, нападнатата медицинска сестра М.Ч критичната вечер била на смена и не ги пуштала да влезат да вечераат, па некој му јавил на менаџерот. Како што велат  нашите извори, тој се појавил бесен од дома и од врата ја фатил за коса и почнал да ја влече медицинската сестра, немало кој да го спречи оти во болницата нема обезбедување. Но имало чувари ама скриени по оддели, кои ноќе повеќе преспивале отколку  што чувале и обезбедувале. Менаџерот ја одвлекол медицинската сестра М.Ч до сестринската соба, ја заклучил и ја тепал. Никој не и помогнал од присутните, само го слушале неговото викање, пцуење и нејзиното врескање. На смена таа ноќ со неа била нејзина колешка чиј сопруг е полицаец во полициска станица Карпош, го повикала. Кога дошол и насилно ја отворил сестринската соба медицинската сестра М.Ч била модра од ќотек, собата демолирана, телевизорот искршен на парампарче.

По таа бурна, катастрофална вечер медицинската сестра М.Ч прво е тепана, па тужела, и со уцени ја натерале тужбата да ја повлече и под присила дала отказ. Медицинската сестра М.Ч по ова имала тешки здрваствени проблеми, и завршила на клиника, тешко се опоравува од голготата низ која поминала, при што и сопругот ја оставил.

За овој инцидент, никој ништо не говори, ниту јавноста е запознаена. Сепак одговорност за случајот нема, министерот молчи, иако за оваа случка сигурно бил запознаен.  Затоа поставуваме прашање до министерот зошто молчи, и зошто досега менаџерот не одговарал пред законот туку по присила медицинската сестра што била малтретирана дури била и принудена тужбата да ја повлече и да молчи.