Вакцинацијата за против грип која официјално започна вчера, амбулантите се преполни. Иако цената е повисока за 200 денари за разлика од лани и е 650 денари, хронично болните и пензионерите ги полнат Центрите за јавно здравје. За сите, пак, кои имаат помали пензии од 14.480 денари, како и за оние без пензија со навршени 65 години, а се решени да се вакцинираат, вакцината е бесплатна.

Имено иако министерството набави 28.000 дози бесплатни вакцини против грип за пензионерите со помали примања, на првиот ден се случува граѓаните да плаќаат приватно по 650 денари за вакцина, иако бесплатно им следува.

Според информациите од министерство за здравство во Велес се веќе потрошени вакцините што мора да се платат. Од вчера до денеска до 12 часот во Центарот за јавно здравје – Скопје се потрошени само 230 бесплатни вакцини, а дури 1.300 со плаќање. И денеска продолжуваат редици на луѓе пред неколкуте амбуланти каде се вакцинира против грип.

– Долу во амбулантите е „лудница“ – полесно им е да платат, отколку да закажат за бесплатна вакцина на „Мој термин“?! Ние очекувавме дека токму во системот „Мој термин“ ќе биде фрката, ама ништо од тоа, барем засега. Граѓаните прашуваат што треба да направиме и кога ќе слушнат дека прво на матичен лекар треба да закажат за бесплатна вакцина, ни одговараат „А не не можам“, па и на оние на кои им следуваат бесплатно, има доста граѓани кои плаќаат. Ако продолжи вака, преостанатите 2.700 вакцини кои се плаќаат ќе ги потрошиме за два – три дена – вели д-р Биљана Даниловска, раководителка на одделението за епидемиологија во Центарот за јавно здравје.

Матичните лекари велат дека слободни термини за имунизација има колку сакаш.

Поради голема недоверба во здравството, пензионерите приватно по 650 денари за вакцина, иако бесплатно им следува. Сепак кај граѓаните постои и голема разочараност од министерството зошто вакви вакцини, иако знае дека е голем одѕивот не порачува повеќе.