15-те контејнери ќе бидат импровизиран дом за 96 бездомници во текот на претстојнава зима. Тие порано престојуваа кај Скопското Кале, но сега се префрлаат во центарот за згрижување во Визбегово. Царовска со ова вети и почеток на нови реформи.

Во Македонија сè уште нема официјален податок за бројот на бездомници иако се смета дека за повеќе 500 граѓани најголема грижа е токму сместувањето.

Од секаде се крати и само им се зема на граѓаните, МТСП, посебно со одредени мерки во текот на изминатиов период скрати многу работи за граѓаните од различни кревки категории. Кога ќе започне министерката Царовска да се грижи за социјалните случаеви, ќе се каже еве засолништа, ДА, ама што е со питачите, што е со примателите на социјална помош, што е со лицата со посебни потреби?

Кога Царовска ќе почне да стои на ветувањата, како тоа дадено на селаните од село Тимјаник, таму сеуште нивните деца немаат градинка иако министерката ја вети? Сите овие прашања и многу повеќе ги мачат упатените во овој сектор, јавноста а и граѓаните со кои разговаравме.