Граѓаните мака мачат да стигнат за термин за снимање посебно компјутерска томографија и магнентна резонанца. Но, освен овие дополнителен проблем е што дел од медицинската опрема не работи. На пример, не работат ангиографите во Струмица и Охрид па пациентите се праќаат во Скопје.
Ова велат упатените укажува на фактот дека апаратите не се одржуваат, а по извесно време треба и да се обновуваат.
-Нема ништо, ниту еден апарт не е купен. Се што е направено е направено со пари на јавните здравствени установи, но не од министерството за здравство, велат извори за Здравство.мк.
Дека не е инвестирано во медицинска опрема говорат и податоците од системот Електронски набавки.

Но, граѓаните пак освен што се жалат дека нема термин, се жалат дека не можат да ги добијат ниту резултатите.
-Направив магнет средината на септември, немам резултати. Докторот вели снимките се неопходни, не знам што да правам, вели пациент кој го сретнавме во поранешната Градска болница.
Докторите и надлежните без конкретен одговор.
Дел од упатените за Здравство.мк велат дека директен виновник е началникот на тоа одделение. Надлежните без одговор и кое е тоа лице, за кој доктор станува збор. Само коментираат „не ги чита сликите со недели, а не им дава и на другите доктори да читаат, многу чекаат пациентите“.