Зоолошка градина Скопје донираше прочистувачи на воздух во домот за децата без родители „11 Октомври“.„Ветивме дека нашата институција ќе помага на сите деца. Ние сакаме децата да растат здраво и да се едуцираат. Зоолошката ќе биде секогаш отворена за нив“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Чекорот што го прават одредени фирми и институции е за пофалба, бидејќи и тие се општествено одговорни, но примарната работа е на министерството за труд и социјална политика. Можеби токму овој чекор на Зоолошка градина ќе ја поттикне и министерката Царовска да биде поодговорна и да спроведува набавки за доброто на граѓаните.