Сме соочени со големи проблеми, точно е дека пред очи системот ни оди надоле сите овие години. И многу е тешко посебно не за вака кратко време да ние  точно утвдрдиме каде е пролблемот, да го лоцираме и уште потешко да знаеме како сето тоа да го на некој начин барем почнеме да го консулудираме за да го зајакнеме нашиот здравствен систем и тој конечно да тргне да се развива во еден ефикасен здравствен систем кој што ќе значи добар акцес за пациентите и добар квалитет на здравствена услуга, појасни Филипче при гостување на емисија на 1ТВ.

Филипче образложи дека нашиот здравствен систем е позициониран така да го контролира министерството за здравство, го финансира Фондот за здравствено осигурување и и оутком се мери преку резултатите на пациентите. Меѓутоа фактите и бројките зборуваат, и структура на буџетите зборува  дека сето тоа не е една развојна опција.

Сега имам точен увид во тоа како се одвиваат процесите, како одат текот на финансиите, како се лоцираат, како со години наназад биле планирани. Сметам дека тука е еден од суштинските проблеми. Но зборот ми беше буџетите на Јавно здравствените институции не се развојни,огромен процент од буџетите одат за плати над 80 дури и кај некои институции 90% одат за плати за вработените. Не може да очекувате никаков развој, никаков развоен потенцијал па дури и менаџерите кои што се покажуваат како добри менаџери со толкав мал процент од буџетот со кој што располагаат. Понатаму пронцентот кој што опаѓа БДП, придонесот кој што се плаќа сето тоа спорендбено со развиените земји е многу мал, посочи Филипче.