Видите парите, секогаш се проблем во било која сфера, така и во здравството. И во тој контекст ние мора да сме свесни дека Македонија во овој момент одвојува околи 5 ипол, 6% од својот БДП во здравство. Споредбено со просекот во ЕУ земјите каде е 8 ипол, 9% во развиени земји како Германија, Швајцарија итн. Кај нас се оделуваат многу помалку пари, а не како во другите земји. На политичка одлука сме дошле во ситуација здравство да не е приоритетно, појасни Дончев при гостувањето во 1ТВ.

Дончев образложи дека од 110 Јавни здравствени установи што ги има, голем број од нив го фактурираат фондот за извршени услуги спрема граѓаните кои се во значителен помал износ од буџетот што фондот им го префрлува. Некои од оперативните трошоци се толку високи што едноставно тие здравствени установи постојат на еден начин сами поради себе, а не за примарната цел, а тоа е да пружат квалитетни услуги кон граѓаните и со кои ќе извршуваат повеќе активности, операции и интервенции итн. Тоа е индикатор за неефикасноста во Јавните здравствени установи.