Според извори на порталот „АлсатМ“ на пациентите доколку им е потребна операција поминуваат низ многу административни процедури и остануваат на листата на чекање со месеци. Иако не постојат официјални податоци за оваа листа, дел од пациентите кои ги сретна изразуваат незадоволство од начинот како се организираат хируршките интервенции. Тие велат дека долгите листи на чекање може да резултираат со негативни здравствени последици.

Хирургот Илир Хасани, за потратлот „АлсатМ“ вели дека поради тоа што има многу одделенија, а интервенциите на клиниките ги вршат различни хирурзи, не може да постои заедничка листа на пациенти кои чекаат интервенција. Тој вели дека пациентите се ставаат во листата врз основа на нивната состојба, па долго чекаат случаите кои не се многу итни.

„Нашата патологија се состои од три дела: „Итно“, значи случаи кои треба да се оперираат итно, случаи кои треба да се оперираат во рок од неколку дена и случаи кои се селективни. Било е и ќе биде проблем официјализирањето на листата на чекање. Имаше тенденција од Министерството за здравство да се направи заедничка листа за цела Македонија за селективни случаи. Сепак, остана само обид. И покрај тоа што официјално постои на страница ‘Мој термин’, тоа не можеше да се реализира до крај. Листите на чекање не се унифицирани, но се базираат на дијагноза, односно врз основа на типот на интервенциите што треба да се направат. Чекањето на селективни случаи не е нешто ново во Македонија“, вели хирургот Хасани.

Додека пак Министерството за здравство за ова прашање не сака да коментира, и не даваат никаков одговор.