Во Кочани заразено со коронавирус е дете на возраст од 2 години и 4 месеци. Во болницата во Кочани е донесено вчера, веднаш по земањето на брисот резулатите се пристигнати, а раководството на болницата добило насоки денеска веднаш да се хоспитализира на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Директорот на кочанската болница, Александар Серафимов тврди дека медицинскиот персонал ги почитувал сите протоколи при приемот на две годишното дете.

Во кочанската болница освен на 16 здравствени работници од детското одделени по случајот со четиримесечното бебе се тестираат и други медицинска лица.

Пристигнатите резултатите се негативни за дел од тестираните, меѓу кои и за инфектологот, додека за вработените на детско одделение се уште не се пристигнати.

Во Штип има нови шест позитивни на Ковид 19, од кои тројца се медицински лица од штипската Клиничка болница.

Со денешниве случаи бројот на медицински лица позитивни на коронавирус се искачи на вкупно четири, откако вчера беше регистриран и првиот случај.

Од штипската болница кои имале контакт со 80 годишната жена заразени се двајца болничари, и по една медицинска сестра и лекар.

Освен 14-те лица од штипското Инфективно одделение земен е брис и од лекар специјалист на друго одделение каде што 80 годишната жена била носена на прегледи и анализи.

Телма и претходно информираше за овој случај, жената во болницата била донесена со негативен тест на Ковид 19 и дијагноза бронхопневмонија.

Во болницата повторно и е земен брис и тој се покажал како негативен, на третиот откако и се влошила состојбата и беше хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести се покажа дека е позитивна.

Во вторникот таа ја загуби битката со коронавирусот.

Досега од тестираните 15 штипски здравствени работници, четири се позитивни, пет се негативни, а за шест медицински лица резултатите од тестирањето се очекуваат утре.