Кардио, тренинг и мобилност се трите работи за кои мора да вложите голем труд за време на зимскиот период.

Поделена на три дела, оваа вежба ги покрива сите елементи потребни за активирање за време на “зимскиот сон”. Подгответе се за интензивна работа!

Во првиот дел, започнувате со загревање во кое треба да потрошите 50 калории. Ова може да го правите на трака, точак или машина за веслање. Бидете трпеливи, немојте да работите само половина од вежбата, а останата половина да одмарате. Одржувајте константен ритам и завршете ја вежбата со доволно енергија за продолжување на рутината.

Вториот дел се состои од комбинација на вежби, во првите 10 минути ќе правите 10 чучњеви со шипка на рамо за време на парните броеви, а 10 склекови за време на непарните броеви. Одмарајте за време на паузата меѓу минутите. Запамтете, не претерувајте и оставете доволно енергија за да намалите уште 50 калории.

За во третиот дел мора да имате боксерска вреќа. Мавајте три рунди во текот на следните девет минути (3 минути по рунда). Откако ќе завршите, преостанатото време ќе го искористите за истегнување и ладен туш, доколку можете да стигнете до вашата туш кабина.

Многу е важно да имате секогаш при рака шејкер за вода или смути додека вежбате, а пак доколку не можете да го издржите овој квалитетен тренинг, ве советувам да купите една од нашите фитнес справи.