Кога зборуваме за храна, есента значи само едно – сезона на тиква што буквално можеме да ја направиме за појадок, ручек и вечера. Една чаша тиква содржи 250% од дневниот внес на витамин А, витамин Ц и е одличен помошник во одржувањето на имунитетот.

Во народната медицина тиквата се препорачува како диуретик, за исфрлување насобраната вода од организмот, посебно кај луѓето кои патат од реума, гихт, воспаление на бубрезите или бешиката. Се смета и како одлична диетална храна за дијабетичари и лица со прекумерна тежина. На сите се препорачува варена или печена тиква или свежо исцеден сок. Најновите испитување открија дека тиквата добро делува за лекување на псоријаза.

Иако вашата прва мисла е веројатно супа од тиква или пире, денес ви донесовме малку поинаков рецепт за да можете да ја вклучите вашата омилена храна во појадокот. Палачинки од тиква, да, звучи совршено, а исто таков е и вкусот. Покрај тоа што се богати со растителни влакна, калциум и железо, тие се богати и со протеини, па затоа се идеален оброк за почеток на денот.

Состојки:

½ чаши бадемово млеко
½ чаша брашно
¼ чаша пире од тиква
1 лажичка семе од афион
¼ лажичка прашок за пециво
Малку сол
Малку шеќер или стевија (особено ако користите незасладено бадемово млеко)

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во мешалка и мешајте додека не се разработи целосно. Загрејте тава на средна топлина и премачкајте со маслиново масло. Земете повеќе смеса за да ги направите палачинките подебели и печете додека не поруменат од двете страни. Останатото е ваша идеја и желба.