Младото лукче е една од најздравите намирници, а најмногу штити од воспаленија на очите

Малдото лукче во текот на зимата е вистинска витаминска бомба која не чува од разни болести и го зајакнува нашето здравје. Тој претставува една од најздравите намирници, а особено помага…

Малдото лукче во текот на зимата е вистинска витаминска бомба која не чува од разни болести и го зајакнува нашето здравје. Тој претставува една од најздравите намирници, а особено помага во одржувањето на здравјето на очите. Млаиот лук не само што ги штити очите од воспаленија, туку помага и во намалувањето на високиот крвен притисок, што, за возврат, може да го намали ризикот од срцеви заболувања.

Истражувањата покажуваат дека само едно младо лукче содржи околу 20 милиграми витамин К и 1,6 милиграми витамин Ц. Овие два витамини се од клучно значење за растот, развојот и одржувањето на јачината и здравјето на коските. Едно стебленце млад лук содржи и 24 микрограми витамин А во облик на провитаминот А кој во организмот се претвора во ретинол кој има огромна улога во зачувување на здравјето на очите.

Витамините А и Ц, имаат силни антиоксидативни својства и се поврзуваат со намалувањето на ризикот од срцеви заболувања.

Младиот лук треба да се искористи веднаш или најдолго два дена по набавката бидејќи брзо ги губи нутритивните вредности. Вистинскиот здрав изглед на младото лукче вклучува цврсти и бели главици со свежи и зелени врвови.


Related Articles