Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.257 тестирања, а регистрирани се 606 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 238, Битола – 63, Кочани – 30, Кавадарци – 29, Куманово и Прилеп по – 28, Штип -22, Велес – 20, Гевгелија – 19, Тетово – 15, Неготино – 12, Кичево – 11, Охрид – 10, Крива Паланка – 9, Свети Николе, Берово, Делчево, Пробиштип и Демир Хисар по – 7, Гостивар, Радовиш и Кратово по – 6, Виница – 5, Струмица – 4, Струга – 3, Ресен и Македонска Каменица по – 2, Валандово, Богданци и Македонски Брод по – 1.
Регистрирани се 320 оздравени пациенти од: Скопје – 157, Куманово – 31, Крива Паланка – 19, Штип – 13, Прилеп и Тетово по – 12, Кочани и Струмица по – 11, Битола – 9, Пробиштип – 7, Берово – 6, Делчево – 5, Гевгелија, Демир Хисар, Ресен и Валандово по – 3, Велес, Кичево, Радовиш и Македонска Каменица по – 2, Кавадарци, Свети Николе, Гостивар, Кратово, Виница, Богданци и Пехчево по – 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 5 починати лица од Скопје (69г, 71г, 79г, 81г и 82г) и 2 лица од Велес (68г и 69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 20.08.2021 до 04.11.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (1), Куманово(1) и Гостивар (1) на возраст од 72 до 83 години, од кои сите 3 се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.400.249 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 205.022, бројот на оздравени пациенти е 190.266, на починати е 7.204, а бројот на активни случаи изнесува 7.552