Нова варијанта на коронавирусот која предизвикува загриженост се шири во Јужноафриканската Република. Откриени се првите 22 случаи на новата варијанта, Б. 1.1.529, соопшти вчера Националниот институт за заразни болести (NICD). Оттаму посочуваат дека се очекуваат дополнителни случаи бидејќи геномската анализа продолжува.
– Иако податоците се ограничени, нашите експерти работат прекувремено со сите воспоставени системи за надзор за да ја разберат новата варијанта и кои би можеле да бидат потенцијалните импликации, рече шефот на НИЦД Адријан Пурен.
Министерот за здравство, Џо Фала рече дека новата варијанта ја потврдува непредвидливата природа на коронавирусот. Тој ги повика Јужноафриканците да одржуваат физичко растојание и да носат маски. Вакцинациите се исто така критична заштитна алатка, рече тој.