Во текот на изминатото деноноќие од 3143 направени тестирања, беа регистрирани нови 37 случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 20, Кичево – 4, Велес – 3, Тетово и Виница – по 2, Куманово, Струмица, Кочани, Свети Николе, Радовиш и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани се 69 оздравени пациенти од, а пријавени се вкупно 15 починати лица: 3 лица од Битола (70г, 71г и 79г), по 2 лица од Скопје (64г и 75г), Куманово (61г и 78г), Тетово (58г и 60г) и Прилеп (63г и 69г) и по едно лице од Струга (83г), Гостивар (66г), Велес (73г) и Штип (60г). Од пријавените, 3 лица се починати во домашни, а останатите 12 во болнички услови.

Со овие податоци вкупниот број на дијагностицирани лица со Ковид-19 во земјава изнесува 155.063, бројот на починати е 5311, а бројот на активни случаи изнесува 2883 лица.

Најмногу активни случаи има во Скопје-1149, Куманово-272, Битола-191, Охрид-186, Прилеп-125 и Тетово-108.