Сите ние имаме по некој пријател или член на семејтсвото кој секогаш се жали дека му е ладно. Дури и во текот на летото тие луѓе имаат ладни раце или стопала и се жалат дека им студи.
На жените им е често поладно отколку на мажите, а причината за овој феномен, појаснуваат експертите од Израел, е бидејќи тоа ги одвојува половите и ги спречува расправиите помеѓу паровите. Освен тоа, постојат неколку здравствени состојби кои можат да бидат причина за тоа зошто постојано на некои луѓе им студи.
Рејноова болест: Иако во поголем број од случаите не предизвикува сериозни проблеми, оваа болест влијае на циркулацијата, па некои луѓе чувствуваат дека им студи. Врвовите на прстите стануваат бледи, а кај некои луѓе кожата им осветлува. Во овој случај можете да одржувате потопло дома, да носите потопла облека и да вежбате бидејќи тоа ја подобрува циркулацијата.
Хипотиреоза: Пишувајќи за „The Conversation“, професорот Адам Тејлор вели дека хипотиреозата или неактивна штитна жлезда е уште една состојба поради која може да чувствувате студ. Оваа болест се лечи со хормонска терапија во вид на апчиња.
Хормонални нарушувања: Хормоните кои се вклучени во менструалниот циклус на жените можат да влијаат на телесната температура. Професорот Тејлор тврди дека бројни полови хормони делуваат на системот кој ја регулира телесната температурата. На пример, естрогенот ги шири крвните садови и помага во намалува на телесната температура, додека прогестеронот има тенденција истата да ја зголемува. Синтетскиот прогестерон, кој се наоѓа во оралните контрацептиви, предизвикува долготрајно покачување на телесната температура, вели професорот Тејлор и додава дека пред овулација телесната температура кај жените е околу 35,9 степени, а по неколку дена достигнува максимум од 36,7 степени целзјусови.
Артериосклероза: Артериосклерозата се јавува како резултат на насобирање на т.н. плак на крвните садови и е исто така причина за чувството на студ. Професорот Тејлор посочува дека постојат различни видови на оваа состојба, но онаа која најчесто предизвикува чувство на студ е болест на периферните артерии, при што артериите се стеснети.
Дијабетес: Ако симтомите на дијабетес се суптилни или воопшто ги нема, може да пројде прилично долго време додека да добиете дијагноза. Клиничките знаци вклучуваат често одење во тоалет, претерана жед и умор, а чувството на студ е еден од ретките знаци на оваа состојба.
Анемија: Кога некој има недостаток на железо, кое се добива со внес на месо, темен листест зеленчук и мешунки, рацете и нозете можат да бидат ладни, но почести симптоми се недостаток на здив и умор.
Болести на срце или проблеми со циркулација: Многу луѓе страдаат од проблеми со срцето или циркулацијата, но некоја од овие состојби нема да се дијагностицира. Ладните стопала можат да бидат знак за посериозна состојба која се нарекува периферна артериска болест. Настанува кога се насобираат масни наслаги во артериите и протокот на крвта во нозете станува ограничен.
Доколку се сомневате на било која од наведениве состојби, посоветувајте се со својот лекар за понатамошните чекори кои би требало да ги преземете.