Малата хуманитарка од Струга Андреа Костовска (5 г. ) собра 7,912 денари од својата хуманитарна акција за Стефан Ивановиќ од Скопје. Во вторникот Андреа продаваше „ладни сокчиња за топли срциња“ на чаршијата во Струга. Парите што таа успеа да ги собере ќе бидат уплатени на сметката на Стефан кој боледува од церебрална парализа.Стефан Ивановиќ има потреба од сите нас, тој живее сам боледува од церебрална парализа, живее без струја бидејќи има долг од 4000€, неговата мајка засекогаш заминала пред скоро еден месец, не е во можност да го плати долгот и зимата може да ја дочека без струја и греење.

Секој денар е добредојден за Стефан. Ако сакате и можете да му помогнете неговата сметка е: Стопанска Банка: 20002892730306 ( мкд сметка)

Iban: Mk07200003261742653 SWIFT-STOBMK2X Стефан има потреба и од малку храна претежно сува бидејќи нема каде да готви. Кој колку може нека помогне. Стефан може да го добиете на 072/512457.

Ова мало девојче им одржа лекција на многу луѓе во нашата земја и со овој несебичен потег ни покажа дека доколку се сака секој од нас може да помогне без разлика на возраста. Андреа ни дава надеж дека иднината можеби сепак не е толку црна. Секоја чест за оваа млада хуманитарка!