Во вакциналниот пункт во Штип во тек е вакцинацијата на сите граѓани кои закажале термин преку системот „МојТермин“, но и на вработените во приватните фирми и хронично болните лица. Се имунизираат лицата над 68 години, а една од нив е и шеесет и деветгодишната Здравка Манева од кочанското село Зрновци. Таа иако уредно се пријавила на сајтот вакцинација.мк не може да дојде на ред за вакцинација.

Во саботата и рекле да дојде денес, но за жал и сега е одбиена па ништо друго не и останува освен да чека пред капијата на вакциналниот пункт во Штип. Би требало да ме примат имам години. Плаќаме такси доагам од Зрновци. Во саботата плаќав, денес пак, а ќе треба да дојдам и по трет пат. Како да издржам со 10.000 денари пензија – вели Здравка Манева од с.Зрновци.

Од штипскиот здравствен дом се категорични се имунизираат лицата над 68 години кои имаат термин и хронично болните. На список се над 300 лица на дијализа, со трансплантација на бубрег, црн дроб, како и петмина кои чекаат трансплантација на срце. Денес и утре вакциналниот пункт ќе работи само во една смена, велат вакцини има доволно..