И додека министерот за здравство Венко Филипче на јавноста и соопштува дека се разгледува можноста каде да се сели Детската кардиухиругија по терк на јавно приватно партнерство, упатените велат дека тоа е речиси дефинирано.
Упатените велат, безмалку се е јасно дека Жан Митрев Клиника ќе биде носител на оваа идеја на Филипче. Имено упатените говорат дека во план е да се зголемат средствата од Фондот за здравствено осигурување кои легнуваат на сметка на оваа приватна клиника.
-Станува збор за зголемување на средствата во висина од 15 проценти, или 15 проценти повеќе од досегашната сума што ја добива Клиниката од Фондот, велат упатени без притоа да ја прецизираат сумата која ја добива Клиниката. Исто така нема детали дали тоа е веќе реализирано или е во план за од следната година.
Како што информираа од Жан Митрев Киника, истата со Фондот за здравствено осигурување има договор за детска кардиохирургија, повеќе од 18 години и како што велат работат детска кардиохирургија на деца постари од една година.
-До сега имаме направено над 1000 операции, воедно и минимално инвазивни процедури, информираат од Клиниката. Новина, велат од Клиниката, е само новороденчињата да се приклучат на тоа што е веќе договорено со ФЗОМ.
Филипче пак објасни дека кардиолошките операции и кога ќе се извршуваат во приватна болница ќе бидат на товар на Фондот, а буџетот за оваа намена, ќе остане ист.
Сепак се поставува прашањето дали доколку се вклучат и новороденчињата Буџетот ќе остане ист. Што изјавија неодамна од Клиниката?
-Практично не ни се потребни никакви подготовки, тие луѓе што се бават со овој дел од кардиохирургија на новороденчиња, поминуваат во нашиот тим и веднаш се продолжува со сите активности, велат од Клиниката. Оттаму информираат дека „буџетот од ФЗОМ, останува истиот што и така се плаќаше до сега, кој дел завршуваше во странство или се исплаќаше на странски екипи, кои повремено доаѓаа да вршат такви операции“.
Едно е јасно а тоа е дека и министерот Филипче е категоричен во реализацијата на јавно приватно партнерство. Тој вели дека секаде каде има простор да се спојат приватното здравство и државното здравство за да се подобрат условите, има логика да се разгледаат овие модели. Сето ова како што вели ќе биде додека да се изгради клиничкиот центар. Нов клинички, односно неговата изградба е познато дека нема да биде во блиска иднина. Проценките говорат дека е можно тоа да се случи евентуално околу 2030 година.