Првин не сме 10%, сметам дека сме од 15% до 20%, демантираше Елена од „Полио плус“ на изјавата на Заев на денешната прес конференција која била посветена на лицата со хендикеп.
Затоа што како што најавуваат и покажуваат индикаторите во светот со зголемувањето на сиромаштијата и развојот на економијата, колку е поголема е сиромаштијата толку процентот на лицата со хендикеп е поголем. Второ, пилот програмата за персонални асистенти за жал беше само наменета за лицата со физички хендикеп и со сензорен хендикеп односно на лицата со оштетен вид и не ги опфати лицата со интелектуален и психосоцијален хендикеп.
А, тоа преставува сериозен недостаток. Но генерално вака поставениот персонален програм и системот како што е замислено од страна на државата морам да кажам дека отстапува од принципите и начелата и стандардите кои што ги кажува комитетот на ОН за правата на лицата со хендикеп. Пред се затоа што тој сервис на персонална асистенција треба да води и да биде еден од клучните алатки кои што треба да биде од помош на семејствата и лицата со хендикеп кон остварување на онаа право за независен живот во заедницата, појасни Елена од „Полио плус“.