По прогласената епидемија на морбили се случува хаос по сите клиники. Сепак вчера излезе вест дека најголемиот хаос сепак се случува по ходниците на поликлиниката „Јане Сандански“, каде што на смена имало само еден општ лекар што ги прегледува и возрасните и децата, а има и деца кои се појавиле на преглед со осип.
Револтираните граѓани дури и родителите се вознемирени поради фактот што вчера Министерството за здравство објави дека има епидемија на сипаниците морбили и се зачудени зошто нема дежурен педијатар, каде што ќе се прегледуваат само децата и ќе се намали ризикот од ширење на болеста.
Нервозата се повеќе излегува на виделина, а врвот го достигнала вчера кога сите пациенти за преглед чекале и повеќе од еден час во тесната чекалница пред амбулантата на поликлиниката „Јане Сандански“.
Да се потсетиме дека точно пред Нова година, министерот на својата ФБ фан страна најави дека од 1 јануари во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“ ќе почнат со работа ноќните педијатриски пунктови. Беше најавено дека овие пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“ и „Бит-пазар“, за граѓаните ќе бидат отворени секој работен ден од 19:30 до 7:30 часот, вклучувајќи ги и лабораториите за испитување крв и урина, кои ќе работат секој ден до 23:30 часот. Сепак и оваа мерка остана во заборав со самата стара година, ноќните педијатриски пунктови останаа само како најава.
До кога ќе бидат манипулирани пациентите од страна на Филипче, а тој ќе молчи? Граѓаните бараат Филипче да објасни зошто пациентите чекаат и се оставени на само еден лекар иако беше најавено мерка со дежурни педијатри. Мерката дали ќе профункционира или пак ќе биде една од низата која е добра за реклама на ФБ фан страна, а во реалноста пациентите ќе мачат мака и ќе се оставени сами на себе?