Низ социјалните мрежи се појави слика каде што еден човек кој што лежи болен и не му се подава медицинска помош која му е неопходна. Човекот се вика Стојан Павлески, тој е самохран татко на едно малолетно дете. Тој лежи веќе 4 месеци на клиниката за Трауматологија во Државна болница, во тешка состојба со декубитни рани по телото од половина надоле, од кои се шири непријатен мирис.
Овој човек беше осуден за обид за убиство на Села, од настаните на 27-ми април, за кое беше докажано после судењето дека не е виновен, потоа ослободен и пуштен на условно. Неколку месеци после ослободувањето е нападнат и претепан до смрт. Има повреди на рбетот и крварење во мозокот. Лежи неподвижен во горните и долните екстремитети и неговите се жалат дека мораат сами да му ги преврзуваат раните бидејќи персоналот на клиниката се жали на предолгиот престој како и на мирисот кој се шири од раните. Состојбата е сериозна по неговиот живот. Неговото семејство нема средства за подобар третман. Молат да се префрли на клиниката на Неврологија и соодветно да се третира. Молат за било каква помош!
Со овој случај се докажува дека медицинскиот персонал и надлежните не водат доволна грижа за луѓето на кои им е нарушено здравјето. Работата на медицинскиот персонал е да ги лечи граѓаните без разлика дали човекот предолго престојува во болница и каква е миризбата на раните кои ги има. Надлежните се должни целиот случај да го испитаат и исто така треба да се дознае која е причина да има здравствена конотација.
На крајот на оваа објава по социјалните мрежи се обраќа и на министерот Венко Филипче да преземе мерки, бидејќи човекот се наоѓа во животно загрозувачка состојба.