ФИЛИПЧЕ ГАНЕШ, НАВИСТИНА ГАНЕШ!!!

Министерот за здравство Венко Филипче, малку посериозно си ја разбра улогата на божество во здравствениот систем на Македонија, па поради тоа и неговите манипулации со граѓаните се од ден на ден се посилни, поголеми и не се повеќе под превез туку ЈАВНИ И ОТВОРЕНИ.

  • И во таа насока беше вакцинирањето на мојата внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни. – изјави Филипче

Последен ваков испад на министерот Филипче е во текот на денешниот ден кога тој јавно и без срам посочува дека свесно при здрава свест и разум ги лажел граѓаните на република Македонија, посебно сите оние родители кои имаат мали дечиња. Ја изиграл нивната доверба колкава и да била во здравствениот систем на Македонија тенденциозно и се со цел за личен профит и провизија.- се дел од коментарите по социјалните мрежи

Откако излезе јавно и на интервју, министерот Филипче за Радио Слободна Европа наместо да се извини на македонските граѓани за направените неморални и недостоинствени чекори како министер, да даде отказ или како тоа што го прават во Јапонија при неуспешно работење неговите колеги, тој напротив со потсмев и гордо споделува дека манипулацијата ја направил јавно и во контекст на тоа што повеќе родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината.

Се излезе во јавност и се збореше за тоа дека вакцините се од добар производител, дека се квалитетни, испадна дека се со поминат рок, со сомнителни декларации, дека ги има низ цела република, дека за 13 деца се прогласи спидемија и што уште не, на крај се појави министерот дека ја вакцинира својата внука за да покаже дека е присутен, за да се предизвикаат лавина на реакции по социјалните мрежи откако излезе фотографијата од вакцината. Вакцинирање со затворена игла, наместо во рака во нога, имаше шпекулации и коментари неофицијално за сите делови од вакцината. За на крај самиот министер за здравство да излезе и да каже дека вакцината е во ред, ама за другите граѓани на Македонија и за децата и нивните родители, ама не и за неговата внука, тој неа не ја вакцинирал, мала била. Каде е сега Филипче да излезе ова да го објасни? – прашуваат загрижени родители

Македонската јавност продолжува да молчи, социјалните мрежи вријат, здравството е во колапс, МРП вакцините сомнителни и Венко Филипче продолжува да си е министер за здравство како ништо да не било. Официјално и најлошиот министер за здравство до сега во Европа од Втора светска војна па наваму. – ова се само дел од коментарите по социјалните мрежи

Со ова министерот Филипче јавно само кажува и посочува дека или ќе биде по мое и ќе заработам некоја провизија или сите родители ќе ве казнам. Само пред некој ден се закани на сите родители во Македонија дека и по завршување на епидемијата децата кои не се вакцинирани од МРП нема да можат да бидат примени во градинките или училиштата. – посочуваат родители од здружението против ваквите одлуки на министерот Со заканите кои ги прави и спроведува врз населението министерот Филипче, врз целата Македонска јавност, врз сите македонци само покажува како пример уште еднаш какво и на кој начин е владеењето на СДСМ како партија заедно со сите нејзини министри. Со притисоци, закани, тепања, провизии, насилничко и или ќе биде по нивно или никако поинаку, по секоја цена, а во тој случај е само и само погубно за сите македонски граѓани. – коментираат повозрасните граѓани со кои разговаравме

Македонските граѓани по социјалните мрежи само прашуваат дали некој повисок орган во државата, владата или некој меѓународен суд за човекови права, Меѓаши, цел невладин сектор кој се бореше за правата на децата до пред некоја година, дали некој гледа што се случува, како еден министер ги тормози, угнетува и условува децата, ги тероризира нивните родители само затоа што е министер за здравство и си зема за право да им го ускратува правото на едукација, ги тера присилно да се вакцинираат иако можеби се болни настинати или поради некоја друга причина не се во можност во моментот да примат МРП вакцина.

Вакцини треба да има и да се вакцинираат децата, ама на ваков понижувачки начин, со манипулации и играње мајтап со родителите, со сомнителни вакцини и условувања, со закани и притисоци, вака НЕ!!! – посочуваат родителите