Заклучно со 02.02.2019, во епидемијата во Скопје се регистрирани 148 случаи на мали сипаници.
Епидемијата ги зафаќа сите општини на територијата на град Скопје.
Возраста на заболените се движи од 1 месец до 51 години. Од вкупниот број на заболени, 85 (57,4%) се на возраст до 4 години, а 36 лица (24,3%) на возраст над 30 години.
Според вакциналниот статус, 125 или 84,5% од заболени лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.
Од вкупниот број на заболени (n=148), 77 лица односно 52% се лабораториски потврдени.
Во однос на спроведените засилени активности за вакцинација со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата, вкупниот број на вакцинирани лица во РМ изнесува 5509, од кои 4.875 лица се на територијата на град Скопје.
Министерот спие или не е тука или не му е гајле, како и да е епидемијата се повеќе се шири и сега може да се каже дека е епидемија, а децата вакцинирани, невакцинирани, морбилите се шират. орбилиФилипче само се ословува себеси како министер за здравство инаку на терен и реално ништо не прави за прекин на епидемијата. Каде е министерот да одговори, што ќе правиме следно како држава за справување со морбилите и нивно спречување, сигурно и белким нема да чека само да исчезне или сите да се вакцинираат до крај па потоа ќе видиме што и како? Реакција треба веднаш – посочуваат загрижени граѓани