Полицијата во просториите на „Македонија лек“ пронашла МРП вакцини со погрешни декларации и го известила надлежниот јавен обвинител дека тие не се уништени. Во соопштението на Основното јавно обвинителство е наведено дека надлежниот обвинител издал наредба за одземање на вакцините како докази за евентуална идна постапка.
„Вакцините ќе бидат попишани и обезбедени, а ќе останат во просториите на „Македонија лек“, бидејќи таму има соодветни услови за нивно чување, информираат од Јавното обвинителство.
Од Обвинителството информираат дека полицијата денеска постапувала по нивно барање и дека проверките во предметот по допрен глас продолжуваат до целосно утврдување на фактичката состојба.