Покрај сите најави за сообраќајни решенија на паркингот во клиничкиот центар, па потоа и најава за изградба на катна гаража, министерот Филипче само најави проекти со кои ќе има помогне на болните и пациентите. Да им се олесни барем маката за слободно паркинг место и каде смее да се застане.
Но, во реалност тоа воопшто не е така. Филипче нов клинички набрзо нема да гради, сообраќајно решение за министерот е отварање на делот до клиниката за Гинекологија и претворање на калливото парче земја во импровизиран паркинг. Соочување со директорката на паркингот и барање од неа да се започне со правилна работа на нејзината служба, не дозволуват партиските спогодби и коалиции, бидејќи доаѓа од коалициониот партнер на власта, ДУИ.
Изградба на катна гаража, не постои како именка, министерот изгледа само „даде“ пари за изработка на проект и таа желба останува само на хартија. Најново е по се изгледа најповолна мерка за сите пациенти и болни која министерот Филипче во соработка со градскиот татко Шилегов ја смисли и ја пласираше на граѓаните, на македонските пациенти. А тоа е, кога пациентите имаат потреба да дојдат во клиничкиот центар добро да внимаваат дали е загаден воздухот, има забрана од градот Скопје или не. Бидејќи во нормален ден без загаденост паркингот ќе ве чини 25 денари, но доколку е загадено Скопје, а вие сепак имате потреба од терапија, болни сте или имате некаква итност од медицинска помош, во тој случај паркингот ќе ве чини дупло.
На паркингот како поволност имате неограничен број на паркинг места бидејќи ништо не е обележано соодветно, а доколку примате хронична терапија и сте присутни во клиничкиот центар 5-6 часа, а тоа така трае неколку дена, 7-10 дена поточно. Дневно тоа ќе ве чини 250 денари, за тие неколку дена и до 2500 денари, само за паркинг.
Па, сега проценете министерот Филипче и градскиот татко Шилегов, колку тоа се загрижени за вашето здравје или за вас како пациенти, болни луѓе на кои им е потребна терапија, кога станува збор за тоа да „капне“ во градската каса или вие да добиете дел од ветеното „бесплатно“ здравство на оваа власт!
Социјалните мрежи вријат од незадоволство од ваквите потези на оваа власт, поради тоа посочуваат што побргу да си одат за да може и тие малку што останаа болни да се лечат, да може достојно да дојдат да примат хронична терапија не вака да бидат третирани како кучиња. Скапо да го платат паркингот и згора на тоа медицинскиот персонал ако е расположен да ги прегледа и услужи!
Каде е министерот на сите овие прашања да даде одговор, бидејќи откако ќе заврши мандатот и ќе завршат тендерите, како потоа ќе ги погледнете во очи или ќе се соочите со пациентите, со болните – прашуваат загрижени пациенти со кои разговаравме